Рестораните се повторно отворени во Бугарија по заклучувањето што траеше повеќе од три месеци, а мерките против коронавирусот се олеснуваат и покрај влошената епидемиолошка состојба.

Рестораните може да бидат отворени од 6 до 23 часот, но тие може да користат само половина од капацитетот, а на маса не може да седат повеќе од шест лица.

Келнерите и другиот персонал мора да носат маски.

Бугарската агенција наведува дека централната пешачка улица во Софија, Витоша, во понеделникот била преплавена со луѓе, а рестораните биле полни со гости.

На социјалните мрежи е објавена снимка од трубачки оркестар, со кој се слави повторното отворање.

Според наредбата на Министерството за здравство, ублажувањето на мерките се однесува и на учениците со попреченост, кои може да се вратат на настава во живо. Дозволени се и туристички патувања во земјата.