Полицијата во Мјанмар пукаше за да ги растера демонстрантите што протестираат против воениот удар, информираат светките агенции.

Според нив, четири лица се ранети пред состанокот на шефовите на дипломатии на соседните држави со претставници на армијата на земјата.

Разговорите ќе се водат преку видеоврска првпат откако војската ја собори избраната влада пред еден месец, што предизвика масовни улични протести во Мјанмар.

Демонстранти, многумина со шлемови и импровизирани штитови, се собраа зад барикадите извикувајќи пароли против владеењето на воената хунта.

„Ако не притиснат, ќе настане хаос. Ако не нападнат, ние ќе возвратиме“, извикуваа демонстрантите пред полицијата да истрела шок-бомби за да ги разнесе демонстрациите во четири делови на градот.

Четири лица се ранети во северозападниот град Кале, каде што полицијата истрела бојна муниција за да ги растера демонстрантите, кои претходно фрлаа предмети кон полицијата, известуваат странските медиуми.

Министерот за надворешни работи на Сингапур Вивијан Балакришнан, изјави дека шефовите на дипломатиите ќе им пренесат на претставниците на армијата во Мјанмар дека се згрозени од насилството во таа земја.