Научниците направија нова студија на една од најголемите мистерии од поновата руска историја на таканаречената Планина на Мртвите
Еден неславен настан, наречен мистеријата за преминот Дјатлов – предизвика десетици теории на заговор, вклучувајќи напади од страна на јети, вонземјани и експерименти со советско тајно оружје. Швајцарските научници тврдат дека имаат разумно објаснување за една од најголемите мистерии од поновата руска историја – која предизвика смрт на девет млади планинари за време на кобната експедиција на Планината на Мртвите во 1959 година. Во релативно нова филмска адаптација, дури и мутанти што се телепортираат се вткаени во приказната. За научниците, причините за оваа трагедија се нешто друго, иако од која било гледна точка, фактите се морничави и чудни. Како овие девет искусни планинари и скијачи одеднаш се соочија со смрт во една ноќ на северот на Урал? Постојано се поставува прашањето што се случило фаталната ноќ. Откако групата не успева да ја достигне својата крајна дестинација, спасувачката екипа тргнува по нив. Шаторот е пресечен однатре, како да требало брзо да избегаат од своето ноќно засолниште, трчајќи во ледениот мрак.
– Нешто неочекувано се случило по полноќ, поради што членовите на експедицијата одеднаш го пресекле шаторот и побегнале кон шумата, на повеќе од еден километар надолу, без соодветна облека, на екстремно ниски температури (на минус 25 Целзиусови степени) за време на силни ноќни ветрови – објаснуваат истражувачите во новата студија, предводена од научникот за механичари за снег Јохан Гауме од Институтот за геотехничко инженерство во Цирих.
Иако било утврдено дека хипотермијата е главната причина за смртта, четворица планинари имале сериозни повреди на градите или черепот, двајца се пронајдени без очи и еден без јазик. Некои биле речиси голи и боси. Сѐ повеќе има шпекулации за тоа што се случило, најоснованите објаснувања укажуваат на тоа дека лавината била главната причина за несреќата – принудувајќи ги спиејќи, неподготвени планинарите одеднаш да го исечат шаторот и да побегнат, дополнително подлегнувајќи на студ или повреди во мракот. Сепак, невообичаените околности на настанот натераа многумина да ја исклучат оваа причина: планината има релативно плиток наклон, нема доволно докази дека се случила лавина, а повредите на планинарите се различни од повредите што обично се наоѓаат во лавините. Официјалниот став е дека причината е силна природна сила. Децении подоцна, новата руска истрага објави повторна процена на причината за трагедијата, наведувајќи дека најверојатна причина се лавините.
Сега, независната истрага на швајцарските научници Гауме и Пукрин дојде до истото откритие, но со нови научни докази што поддржуваат како можело да се случи лавината. Симулацијата укажува на тоа дека на плитката планина Холатчахтљ е можно да имало лавина затоа што неколку часа пред трагедијата, планинарите го исекле снегот за да направат природно засолниште од ветрот.
– Да не направеа пресек на падината, ништо немаше да се случи. Тоа ја активирало лавината, но само тоа не би било доволно. Планинскиот ноќен ветер веројатно предизвикал снегот полека да се акумулира. Во еден момент, се појавила пукнатина што се шири, правејќи лавина што се срушила над нив – вели Пукрин.
Другите симулации спроведени од тимот истражуваа како скиите би ги повредиле при лавина затоа што се со нив внатре во шаторот. Така што силината на ударот над планинарите помеѓу обилниот снег и скии, може да предизвика тешки телесни повреди. Се разбира, има неколку необјасниви тези во врска со инцидентот на преминот Дјатлов, на кои оваа студија не се осврнува. Никој не може да очекува дека оваа трагична мистерија, која сега стана дел од рускиот фолклор, ќе ја изгуби својата актуелност по шест децении.