Идрис Елба потврди дека годинава ќе работи на филмската верзија на „Лутер“, и дека нема да има шеста сезона на истоимената серија на „Би-би-си“, пренесуваат медиумите.
За време на неговото вчерашно гостување во радио-емисија, четириесет и осумгодишниот актер откри дека се подготвува да започне со продукција на психолошката драма, во која ќе го толкува брилијантниот детектив Џон Лутер.
Зборувајќи со Миста Џам водителот на радио-емисијата, актерот кој е роден во источен Лондон беше запрашан за неговите планови од 2021 година.
– Дефинитивно правење повеќе музика, вие што го сакате мојот филм и други работи, слушајте, јас ќе снимам филм „Лутер“. Јас сум многу возбуден и се надевам дека моите обожаватели се возбудени на некој начин за тоа. Долго време се чекаше за филм, за луѓето што ја сакаа серијата. Ние ја правевме серијата 10 години, а сега правиме филм – истакнал Елба.
Во ноември, Нил Крос, човекот одговорен за пишување и развој на серијата „Лутер“, за австралискиот магазин „Инсајдер“ потврди дека нема да има шеста сезона на популарната британска психолошка криминалистичка драма.