Салма Хаек (54) се пофали дека ги победила предвидувањата според кои нејзината возраст и националност ќе „ја пензионираат“ предвреме како актеркa, пренесуваат светските медиуми.
– Ми велеа дека мојата кариера ќе умре во средината на моите 30-ти години. Пред сѐ, бидејќи сум Мексиканка и никако нема да успеам, затоа што било невозможно Мексиканка да има водечка улога во Холивуд. Среќна сум што триумфирав во оваа предизвикувачка индустрија – изјавила Хаек за време на промовирањето на нејзиниот нов филм „ Блаженство“.
Хаек сега има ангажмани во неколку филмови. Таа моментно е во центарот на вниманието со љубовната драма „Благослов“ со Овен Вилсон. Хаек лани глумеше во филмовите „Слободни патишта“ и „Како шефица“, а следните остварувања во кои ќе глуми се „Вечните“ и „Телохранителот на сопругата на професионачниот убиец“, кои треба да излезат годинава.