Ендрју Брукс, истражувач и професор кој го беше раководител на тимот кој го разви првиот одобрен тест за ковид-19 со плунка, почина од срцев удар на возраст од 51 година, пренесуваат светските медиуми.
Брукс раководел со лабораторијата на универзитетот „Ратгерс“ во градот Њу Брансвик во американската сојузна држава Њу Џерси, која го разви тестот со плунка. Агенцијата за храна и лекови на САД го одобри тестот во април минатата година, а од наредниот месец тој почна да се користи во домашни услови.
– Брукс е еден од анонимните херои на нашата земја, неговата работа несомнено спаси многу животи. Не можеме да му се заблагодариме доволно за она што го направи во својата кариера – изјави Фил Марфи гувернерот на сојузната американска држава Њу Џерси.
Брукс минатата година изјави дека го развил тестот со плунка како алтернатива за стандардното земање брис од нос, со цел да им помогне на здравствените работници кои се борат против коронавирусот.