Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ќе се повлече од функцијата на 7 февруари 2027 година, околу осум месеци пред истекот на нејзиниот мандат, соопшти денеска банката со седиште во Франкфурт, пренесува ДПА.
Мандатот на Лагард требаше да заврши на крајот на октомври 2027 година. Таа застана на чело на централната банка на 1 ноември 2019 година.
ДПА пренесува дека Лагард за својата одлука за предвремено повлекување ги известила Советот на гувернери на ЕЦБ и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Сега останува на лидерите на 21-те земји од еврозоната да изберат наследник на француската економистка.
































