Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ги повика западните држави да преземат мерки по „ужасниот“ руски напад со беспилотно летало врз железничката станица во Днепар, при што загинаа најмалку 13 луѓе, пренесува „Си-ен-ен“.
– Колку уште терористички напади треба да изврши Русија против нашиот народ откако беа укинати санкциите против некои руски олигарси и рускиот енергетски сектор? Потребна е одлучна и фер акција од Америка и Европа како одговор на руската ескалација. Санкциите против Москва и нејзината воена машинерија не смеат да се ублажат додека продолжува војната на Русија. Време е ЕУ, САД и Г7 да воведат нови, посилни санкции, објави Зеленски на социјалните мрежи.
Според локалните власти, руски дрон погодил еден од пероните на кој се наоѓал возот што сообраќа Днепар – Запорожје. Во моментот на нападот на перонот имало поголем број луѓе. Засега не е познат бројот на повредени лица.
































