Актуелниот број 1 во светскиот тенис, Рафаел Надал ќе се врати на теренот во четвртфиналниот меч за „Дејвис купот“ помеѓу Шпанија и Германија, откако поради повреда ги пропушти „Мастерс“ турнирите во Индијан Велс и Мајами.
Покрај паузата, Надал се врати на првото место на АТП листата откако Роџер Федерер изгуби поени во Мајами, каде што беше отстранет во вториот круг по освојувањето на титулата лани.
Иако се враќа на теренот, Надал не е многу среќен, бидејќи претрпе многу во последниве години.
– Од денешна гледна точка, би ги променил моите планови, ќе жртвував некои Гренд слем турнири, само за да не чувствувам болка. Ми се чини дека за време на мојата кариера пропуштив повеќе големи турнири, отколку моите конкуренти. Плачев во Акапулко и во Австралија. Ова беа тешки моменти. За жал, повредите се реалност на секој спортист – изјави Надал.
Шпанецот зимоска го предаде натпреварот против Марин Чилиќ на Австралија опен поради големите болки по четиричасовна борба.