Новогодишни јанѕи: идентитетот со куршум во срцето (2)

Уште само малку за коронавирусот, кој, како што веќе реков, има западно лабораториско масонско, а не кинеско потекло. Од авион се гледа тоа. Зборот ми е: тој ќе заврши, вакцинацијата е во полн ек и главно западната фармацевтска мафија ќе ги собере парите од сиромаштијата, доосиромашувајќи ја, а потоа како што предвиде новиот „пророк“ Бил Гејтс, за десетина години, а може и порано, ќе се отвори новиот круг на некој уште поопасен вирус. Ќе се отвори од епицентарот во кој е востоличен, како што би рекол Лермонтов „злобниот ангел“ на цивилизацијата. Тој што не дозволува црнотрудовиот народ да ја запали искрата на некоја нова Октомвриска револуција и што ги стерилизира мајките да не раѓаат повеќе херои и револуционери, туку изроди и полтрони на банкарскиот и корпоративен либералкапиталистички систем. И тука во новата корона-стратегија сега е укината тезата што ја заговараше како теза на длабоката пентагонска држава за судир на цивилизациите, меѓу муслиманите и христијаните Ханингтон, во основа расистичка. Религиски расизам, поради кој и прекрасната Турција на Кемал Ататурк, најубавиот македонски подарок за неа, чека со децении пред супрематистичката порта за влез во сомнително демократската и хуманистичка Европа. Јасно како ден. И уште повеќе од тоа.

Но Европа сега на некој начин само се надоврзува како вазал на американскиот цивилизациски супрематизам, објавен гласно со атомските бомби фрлени врз невиното население на Хирошима и Нагасаки во август 1945 г., вглобувајќи ја во себе на еден перверзен софистициран, но сепак јасно видлив начин (примерот со Македонија, Србија и целиот од нив крстен Западен Балкан) сликата на Дивиот Запад. Оти зарем, и со идентитетскиот геноцид од европска страна, Македонците, па и целиот Западен Балкан не се третирани, во некој вид поблага варијанта, како Индијанците кај Јенките, сега како и тие затворени во „софистициран“ цивилизациски резерват. Сè на сè од темните планери на светот сега, како што веќе реков, драг читателу, е укината како „непродуктивна“ тезата на Ханингтон за судир на цивилизациите и целосно е заменета со тезата на Фукујама за крајот на историјата, толку многу верглана денес, ама и несфатена, во интелектуалните кругови во светот. Фукујама, американскиот Јапонец што не го побара историскиот крај во атомските бомби на Јенките над неговиот народ, туку во божем демократијата на либералкапитализмот, која според него, гравитира кон бескраен мир и универзален договор за општа среќа на човештвото (?!). А се покажа, имено, обратното, дека тој „демократски“ либералкапитализам сè уште ги полни своите бомбардери со смрт во потрага по нафта и други материјални ресурси низ ранливиот свет за себе и само за себе. Така што тезата на Јапонецот, американизиран ментално до последниот атом, всушност, иако по сè изгледа потшепната од друг (Достоевски би рекол: од Големиот инквизитор) е целосно шуплива. Шуплива оти имено, либералкапитализмот на кого се потпира таа, со ничеовска волја за моќ и корпоративно колонијалистичко владеење со послабите и сиромашните, не ја укинува историјата, туку енормно ја зголемува неа. Се разбира, ако истата таа ја сфаќаме и спознаваме како перманентна, без застој Голгота на човековите страданија. Да. Ама планерите на светот, западните корпоративни масони, илуминати, или како сакаш речи ги, драг читателу, ако ја промашија, засрамени, тезата на Ханингтон за судир на цивилизациите (без разлика на силно инсистирање на божем муслимански тероризам, криејќи го својот), сега тие јa промовираат како реалност тезата на американизираниот Јапонец за крај на историјата. Како? Видоа дека е целосно неубедлива насилно форсираната на тој план илустрација со лажниот супрематистички демократизам на либералкапитализмот, па без око да им трепне преминаа на сурова директна реализација на (хипо)тезата на Фукујама: на уништување на човештвото, иако сега не физички туку психолошки и онтолошки, со нивните за таа цел пронајдоци на „злобниот ангел“ (Лермонтов) ѓаволот.

На Мефистофел со кој сега (Гете не го предвидел тоа) работи западниот корпоративен Фауст, кој и толку посакуваната невина Маргарета ја размени за долари во либералкапиталните банки, чиј капитал денес Маркс многу поинаку би го толкувал и читал отколку во времето во кое ја пишуваше својата знаменита библиска книга за перверзијата на модерната капиталистичка епоха. Но да не забегаме; кој е тој западен либералкапиталистички пронајдок на неговата тесна тајкунска елита за „крајот на историјата“ на можеби сега, ќе испадне, и невиниот Фукујама. Пронајдокот на кој и не помислил можеби тој. Па, тоа е вирусот што од епицентарот на темната мефистофелска лабораторија се отвора постојано во концентрични кругови, како што се отвораат, небаре, круговите на небесните сфери од празвукот ОМ од кој, според длабокоумните Индуси, почнало создавањето на светот. Индусите, кои ако не ја измислеа Нулата не знам што ќе правеше математиката без неа. Нулата што кај нив има не само практична туку и метафизичка димензија, нешто што не му е познато на западниот корпоративен експлоататорски Запад, кој неа ја именува како ознака на ништото: нула=ништо. Исто како што тој сега, заглавен во капиталот на парата што му ги затвори очите на битието, не го разбира ни она Ништо на Буда и будизмот, што е апсолутно трансцедентално, апсолутна интеграција на човекот со космосот како постоење. Но за западниот профитабилен човек не е така. Иако и кај него пред тоа имало некои силни и длабоки индивидуи, кои го сфаќале прекрасно тоа будистичко Ништо како еден од најважните елементи на Менделеевата таблица на постоењето, не доведувајќи го него со сегашната западна логика во врска со распаѓањето (од кое не можеше да се ослободи ни Бодлер), туку со сликата на сеопштиот круг на космичката микро и макро егзистенција. Такви личности се Јакоб Беме, Екхарт, Блејк и цела низа други мислители на животот како спиритуален божествен, а не материјален и банкарски феномен.

Тоа е тоа. Тоа не се езотериски, туку реални факти во денешната егзистенција на западната либеркапиталистичка цивилизација во која ние Македонците, драг читателу, настрадавме невино како Јован Крстител од ножот на Ирод. И нам ни се отсече главата за танцот во дервишка екстаза на бриселовашингтонската модерна и перверзна танчерка Саломе. И, тука ние сме првата жртва од замислениот американски план на ЦИА и Пентагон за ликвидација на Словенската раса на која ѝ се беше намерачил и роднината на фрау Меркел Адолф Хитлер. Додуша Австриец по раѓање, ама Германците, мазохисти по сензибилитет (нивниот сегашен полтронски однос кон Вашингтон перфектно го илустрира тоа) штедро си го присвоија него како некој вид трансцедентално благо. По аналогија тоа се трудат сега да го направат Бугарите со Македонците. Со таа разлика што ние немаме Хитлер (ни Захариева и Каракачанов и Борисов како негови супститути), туку го имаме Гоце Делчев, кој го разбира „светот како поле за културен натпревар меѓу народите“. И тоа е, драг читателу, за разлика од западниот, не профитабилен туку духовен концепт за планетарна љубов на Гоцевата раса, која некои наши универзитетски интелектуалци ја сместија во графата расизам. Жално!
Лека-полека дојдовме и во срцевината на темата Македонија во оваа крволочна цивилизација во која сега, кога ЕУ игра мимикриска улога на демократска и хуманистичка институција што ги обединува народите на стариот континент, имено Македонците се жртва на тој нејзин во основа, како што го спроведуваат, перверзен концепт. Велам перверзен, за да не ме сфатиш погрешно, драг читателу, од аспект на, пред сè, нашето мартирско искуство со Вавилонската ороспиja сега сместена во Брисел во Белгија, чиј крал Леополд ги колеше Конгоанците и ги пљачкаше нивните дијаманти и секакви други богатства за да го здебели газот на своите сонародници, како што го правеа тоа и останатите неколку колонијалистички сили на Европа, трупајќи богатство од крв и солзи на сиромашните, за сега да бидат во материјална благосостојба, обновувајќи го пак колонијализмот, за да ни продаваат на нас малите и незаштитените демократија и хуманизам, не срамејќи се од својата аморална перверзија.

И тоа е, драг читателу, таа Европа, која, пак, заради својата материјална, а не духовна лакомост си подготви самата и две светски војни, Првата и Втората, испраќајќи во смрт милиони свои младичи и девојки. А смрт им подготви и на невините, меѓу кои бевме и ние Македонците за чија ликвидација тие ги подготвија Бугарите. А сега го прават истото со нив, бидејќи им беше, по сè изгледа недоволна за тоа фашистичката Лисабонска декларација (1991), потоа албанскиот тероризам во 2001 г., а по него сечење на македонската идентитетска глава во Преспа во сончевиот и полн со венчални ружи 17 јуни 2018 г. Не им беше доволна ни Тиранската платформа на ЦИА, па ни фашизоидниот договор на квислингот Заев со источниот варварски сосед. Оти со него сега како што мисли фрау Меркел треба да се доликвидираат идентитетски Македонците, нешто што не успеаја да го сторат бомбардерите на Черчил, изумителот на „стабилни системи“ со угнетување. Оти, всушност, треба да се дореализира планот за непостоење на Македонија и Македонците што е генерички европски, во поновата историја форсиран со Берлинскиот конгрес 1878 г., а потоа операционализиран (но во крајната инстанца неуспешно: АСНОМ го покажа тоа) со геноцидниот по Македонците и скроен заради нив Букурешки договор 1913 г..
И тоа е Европа обожавана некритички од власта на Заев, Соросовите невладини и другите македонски изроди, драг читателу. Оти чудно е, како сега во македонскиот пример се сплотени Германија и Бугарија. Фактички иако цело време Германците божем се трудеа да ѝ помогнат на Македонија на патот кон борделот на Брисел, на крајот перверзно ѝ угодија на Бугарија со онаа идиотска формулација „погрешно толкување на историјата“. За некого изненадување, но за мене и за тебе не е, драг читателу, оти крвта вода не бидува: слично со слично се привлекува. Проработи по темна атавистичка линија братството меѓу овие два ентитета. Оти првиот сојуз меѓу Германците и Бугарите е во предалечната 862 година, кога нашите источни соседи се ставија на страна на Германија, која го германизираше словенското население во Чешка и во Моравија, потоа причина за Моравската мисија на Светите солунски браќа Кирил и Методиј, Македонци по род, дух, душа и јазик, што немаат никаква врска со Бугарите, кои нив сега ги крадат најбезобразно варварски од целиот словенски свет што го задолжија со духовна светлина. Ги крадат срамно со државен декрет. Па затоа и не е случајно што и Словачка и Чешка, кои уште ги грее таа светлина, и реагираа остро на бугарското културолошко варварство, бранејќи ги Македонија и Македонците од германската и европска политичка перверзија. А кон нив се приклучи и Австрија, веројатно потсвесно за и самата да го заштити својот идентитет одамна втопен во германскиот. Оти и Хитлер е Австриец, ама сите ние го знаеме за Германец.

Австријци се и моите омилени поети Рилке и Тракл, ама, не знам зошто тие се изучуваат во корпусот на германската литература. Еве зошто, малку да изигрувам Фројд, проработила сега со македонскиот случај и австриската идентитетска (пот)свест, па Австриската влада не го зела предвид оној идиотизам на „експертот“ Густав Фелингер што нè советуваше, без да се консултира притоа со сопствениот мозок, да се откажеме во име на угодување на Бугарите заради нашата голготска европска интеграција, од 11 Октомври, Гоце Делчев и од 23 Октомври денот на светата за Македонците ВМРО. Добро, можеби тој мислел дека бидејќи Гоце Делчев беневолентно им го подари на Бугарите како етнички Бугарин нашиот претседател Стево Пендаровски (за што сè уште не им се извинил на Македонците) ние со декрет можеме сите идиотски отстапки што ги предлага тој да ги усвоиме. Да. И, оп, еве ја Европа, па можеме и ние како оние неодамна голи ЕУ-дипломати, проститутки итн. да танцуваме во геј и лезбо-клубот во Брисел на демократската и хуманистичка цивилизација кон која со децении се буткаме, а таа нè понижува со софистицирани варварски методи.

(продолжува)