Ненси Пелоси е реизбрана за претседателка на Претставничкиот дом на американскиот конгрес.
Таа ги води демократите во долниот дом на Конгресот од 2003 година, и е единствената жена која беше претседател на тоа тело.
Пелоси доби 216 гласа наспроти 209 гласа за републиканскиот претставник Кевин Мекарти, кој повторно ќе биде лидер на републиканското малцинство во тоа тело.