Угостителските објекти се еден сериозен ризик и затоа го ограничуваме работењето до 18 часот, истакна министерот за здравство Венко Филипче во видеоснимка објавена на неговата фејсбук-страница, во која ја образложи препораката на Комисијата за здравствени болести за дополнително ограничување на работното време на угостителите.
– Препорачуваме да нема домашни собири и да нема собири во викенд населбите. Забраната за групирање е на сила. Оваа зима е сериозен предизвик и мора сите заеднички да му помогнеме на здравствениот систем, а пред сѐ на нашите здравствени работници – истакна Филипче во снимката која можете да ја погледнете преку следниот линк.