Турското Национално собрание денеска усвои антитерористички закон со кој се регулира начинот за отпуштање на судии, офицери, поротници и вработени во министерства.
Со законот им се даваат и пошироки овластувања на гувернерите на турските провинции за справување со немири, како и за ограничување на јавните собири.
Законот е донесен шест дена по укинувањето на вонредната состојба, која беше воведена по неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2017 година.
Турската опозиција го критикуваше законот велејќи дека со него „вонредната состојба станува трајна“. Сепак, владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и нејзиниот сојузник Партијата на националиситчкото движење (МХП) без потешкотии ги обезбедија гласовите за усвојување на законот.