Иако американскиот финансиер Џефри Епстајн е мртов, теориите на заговор за него никако да стивнат, пренесува „Њујорк пост“.
Епстајн, наводно, изврши самоубиство во затворска ќелија во Менхетен минатата година. Сепак, во видео на платформата Јутјуб се тврди дека педофилот бил забележан на неговиот ранч во сојузната американска држава Ново Мексико.
На клипот на јутјуб се тврди дека Епстај е забележан во црвен камион во близина на оградата на ранчот. Наводно, возачот кој го спуштил прозорецот на камионот имал неверојатна сличност со починатиот педофил Епстајн.
На видеото исто така се додава дека Епстај „заминал кон залезот“ откако успешно ја лажирал својата смрт.