Добро е што Фрејзер пак ќе боксува

А бидејќи немам книга со која би ве малтретирал викендов, најдобро е да се вратам на американските избори. Бајден или… или… оди изговори го без да ти улета онаа досадна објава. Како и да е, немав намера да ви зборувам за титу-ру-ту-ту, туку за оној што медиумите го проектираа како победник. Џо Бајден. Велат, победил

Стотици ТОНИ елитистички отпад шири смрдеа барајќи отказ за коментаторот, ама дури и ехото на еден ТОНИ Стојановски ја надгласува нивната хистерија. За Мрме, Пандев, Елмас, Барди, Алиоски, Адеми, Несторовски едноставно немам зборови за да ги опишам радоста и восхитот што ми ги донесоа. До земја се поклонувам. Ама цензурата почна веднаш. Бришење на клипот со радоста на коментаторите. Јас подолго време ви пишувам дека влеговме во ерата кога неолиберализмот како софистициран нацифашизам ќе воведе диктатура. Ќе започне радикална цензура на чувства, мечти и смеа. Веќе е започната. Ама луѓето секогаш „доцна палат“. Кога она што досега го доживувавме како научна фантастика ќе ни се сруши врз глава, веќе ќе нема каде да се бега.
Ја сретнав во… не е важно каде ја сретнав. Истата секунда се препознавме. Понекогаш тоа така оди. Ќе се сретнете, погледнете и јасно ви е. Еден за друг сте. Добро сега, не беше баш одма… одма. Разговаравме малку. Онака, неврзани муабети. Ако сакам да сум искрен, првите разменети реченици беа за штотуку завршените американски избори и тоа…
Jo Biden is the projected winner of the 2020 US Presidential Elections.
Се извинувам?
Jo Biden is the projected winner of the 2020 US Presidential Elections.
Ама јас пишувам колумна. Раскажувам љубов на прв поглед.
Сеедно, господине! Естаблишментот мора да ве потсети.

Па не е ова Фејсбук бре! Таму под секој пост на тема американски избори силувате со информацијава. Оти, нели, не дај боже некој да се посомнева во она што сите вие, меинстрим-медиуми и социјални мрежи го мантрате како ново Евангелие. Зашто ако вие кажете дека Втората светска војна ја почнале Русите, тоа мора така и да биде. Демек, ај да испереме троа мозоци. Оти стопати повторена лага, станува вистина, нели? Ама и да е вистина, кога силувате со неа се претвара во тортура. Но вие тоа и го сакате.
Уф, се изморив. Не може човек да раскаже љубовна приказна. Океј, се запознавме, разговаравме. Завршуваше ноќта, ама ние не сакавме да завршиме. На крајот заклучивме дека најпаметно е да свршиме. Нема да навлегувам во детали. Може само да ви кажам дека нашата кулминација во пет часот наутро, вие ја доживеавте како земјотрес.
Како и да е, прегрнати заспавме. Кога еве ти го во мојот сон Марк Закерберг. Газдата на „Фејсбук“. Ама со ликот на Џеси Ајзенберг. Он го играше Закерберг во „Социјална мрежа“ на Дејвид Финчер. Веројатно потсвеста полесно ми го прифаќа Џеси, отколку Марк. Не знам што би рекол Фројд за ова. Не ме интересира.
Гласаше, ме прашува Џеси во улога на Марк.
Јас не можам да гласам, му одговорив, Македонија не е американска држава. Само протекторат. А ти?

Т…
Jo Biden is the projected winner of the 2020 US Presidential Elections.
О, боже! Па тој изговори само едно „Т“.
Ако, ние мораме превентивно.
Ма, носете се бре вие превентивно во три проектирани мајчини! Повели Џеси, мислам Марк, докажи се, брат!
Толстој го читав, ми одговара. „Војна и мир“. А кога го читаш Толстој, малку се губиш во време и простор. Па, така, заборавив да гласам.
Ете, сакал да каже Толстој, а не Трамп.
Jo Biden is the projected winner of the 2020 US Presidential Elections.
Аман! Немав никаква намера да… Ај, батали! Толстој, а? Прекрасен автор. Гениј. Одамна не сум го читал. Не знам за вас, ама мене ми се допадна што во минатите три колумни ви го компарирав безумново наше битисување преку автори што ги читам. Ги споделив со вас Сорокин, Пељевин, Ерленд Лу. Оваа недела немам нов писател. Сè уште сум кај фантастичниот Норвежанец и неговите „Животни во Африка“. При крај сум.

А бидејќи немам книга со која би ве малтретирал викендов, најдобро е да се вратам на американските избори. Бајден или… или… оди изговори го без да ти улета онаа досадна објава. Како и да е, немав намера да ви зборувам за титу-ру- ту-ту, туку за оној што медиумите го проектираа како победник. Џо Бајден. Велат, победил.
Се фатив себеси како размислувам. Што може Џо да му донесе добро на светот? Ако победи. Ете, Мерил Стрип повторно само ќе глуми. Ќе се спасиме од нејзините политички коментари. Колку генијално глуми, толку политичките коментари ѝ се будалаштини. Како на повеќето нејзини колеги. А и за самиот Холивуд ќе дојдат подобри времиња. Прво, нема да мора, онака на сила, да пикаат негативни коментари за досегашниот претседател, во сите филмови, дури и таму каде што не им е место. А ќе има и нови војни. Сигурно со Џо ќе ги има. Тоа значи нови фронтови, жртви, трауми. Сето тоа заедно се нови приказни. Нови филмови. Здосадија со Ирак, па Авганистан, Ирак, па Авганистан. Тука Виетнам не го мешам, тоа е митологија.
Што друго ќе биде добро за светот? Ќе се намали количеството хистерична глупост.

Хистеричните неолиберали нема толку жестоко да ја шират својата морничаво бесконечна како вселена глупост. Не велам дека тие ќе се опаметат. Никако. Ама нема да ја проектираат својата хистерична безумност толку многу и толку јавно. На улици, по медиуми, низ мрежи. Што е уште поважно, нема да палат градови. Најважно, нема да рушат веќе споменици. Оти тоа беше страшно. Да ги гледаш, како во име на поддршка за црнците, рушат споменици на личности што се бореле против робовладетелство. Неписменоста понекогаш знае да изгледа толку гротескно. И тоа неписменоста на елитата, на оние што себеси се доживуваат за најумни. Неолибералите никогаш нема да научат дека робовладетелството го укинаа републиканците. Демократите беа едногласно против.

Кога сме веќе кај робовладетелството, црнците уште се робови. Овој пат на пропагандата. Но и за нив ќе дојдат подобри времиња со Бајден. Веќе нема по улици да ги убива ѕверската расистичка рака. Сега по улици ќе ги убива нежната и правдољубива демократска рака.
Но има нешто што мене најмногу ме радува. Џо Фрејзер повторно ќе боксува. Па здосадија веќе оние Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд.
Се разбуди?
Тоа ме прашува Совршената од почетокот на колумната.
Јас направив кафе, ми вели. Сакаш ли заедно да го гледаме Lady and the Tramp.
Jo Biden is the projected winner of the 2020 US Presidential Elections.
Се извинувам! Сакаш ли заедно да го гледаме Lady and the Biden?