Главниот експерт на ЦИА за Азија предупреди дека Кина води „тивок вид студена војна” против САД, користејќи ги сите свои ресурси за да се обиде да ги замени САД како водечка сила во светот.
Мајкл Колинс од отсекот на ЦИА за Источна Азија, за време на обраќањето на безбедносен форум во Аспен, истакна дека Пекинг не сака да војува, но дека кинеската влада суптилно работи на неколку фронтови за да ги поткопа САД.
Покрај трговските спорови, САД се загрижени и поради кинеските кражби на деловни тајни, модернизацијата на кинеската армија и изградбата на воени објекти на островите во Јужното Кинеско Море.
Колин тоа го нарече „Крим на Истокот”.
Коментарите на Колинс на третиот ден од форумот се совпаѓаат со ставовите на други високи американски официјални лица, вклучувајќи го и директорот на ФБИ Кристофер Вреј и директорот на националната разузнавачка служба Дан Коутс, кои ја посочија Кина како најзначајна опасност за САД денес.