По месец и половина, заврши реновирањето на училиштето во село Колари, Kичевско. Реновирањето опфати повеќе содржини, од поставување на енергетска фасада, нов покрив, дотерани училници и санитарни јазли,до поставување на нова ограда и партерно уредување на училишниот двор со бекатон плочки. Со сите зафати, училишната зграда доби нов далеку поубав лик и, се добива впечаток како да се работи за нова училишна зграда.
– Заврши комплетното реновирање на училиштето во село Колари. Реновирањето на ова училиште, каде наставата ја следат 50 ученици од истоименото село, опфати, комплетна промена на покривот на училишната зграда, нова енергетска фасада и целосно се преуредени и санитарните јазли, што ќе гарантира подобра хигиена за учениците и нивните наставници. Во училишниот двор се поставени бекатон плочки и нова ограда, со што се заокружени сите зафати планирани со ова реновирање, за кое финансиски средства обезбеди општина Кичево. По ова реновирање, во училиштето се создадени европски услови за следење на настава, која во ова училиште се одвива со физичко присуство за сите одделенија од прво до петто – информира директорот ,Насер Исмаили, што работи под закрила на централното основно училиште „Р.Р.Зајази“ во село Зајас. З.А.