Голем број познати личности стануваат татковци на возраст кога би можеле да станат дедовци. Најчесто нивните избранички се дваесет, па и триесет и повеќе години помлади од нив. Татковството во третата доба, како што велат, ги подмладува и му дава нов жар на нивниот живот.
Во регионот има повеќе такви примери, а последна вест е дека хрватскиот глумец Фрањо Ласиќ на 66 години наскоро ќе стане татко. Тој е во четврти брак со српската сликарка Милена Ласиќ (36), а заедно се веќе пет години. Инаку, Фрањо веќе му е дедо на Леон од неговиот најстар син Јанко (33). Фрањо има зад себе три брака и три деца. Тој држи и еден неславен рекорд, најкраток брак во поранешна Југославија. Имено, откако се развел од првата жена Маја Никшиќ, мајката на синот Јанко, Ласиќ се оженил за белграѓанката Љиљана од која се развел само по три недели брак. Третпат се оженил за словенечката манекенка Жива Ступник, со која има две деца, 24-годишната Лина и 22-годишниот Лука.
Аки Рахимовски стана татко на 65 години
И Аки Рахимовски, пејачот на групата „Парни валјак“, по третпат стана татко на 65 години. Веста дека ја добил ќеркичката Антонија со 37-годишната медицинска сестра Барбара Весел од Словенија тој успеа да ја крие цели три месеци од медиумите, но кон средината на февруари тајната беше откриена. Инаку, кон крајот на минатата година Аки имаше проблеми со здравјето, откако доживеа полесен мозочен удар. Тој сега живее во Ново Место со своето ново семејство, а зад себе има два брака. Во Загреб живее неговиот син Кристијан (38), кој веќе има три деца, што значи дека Рахимовски е и дедо, како и неговата ќерка Едина (34), која неодамна се породи, па, така, Аки истовремено стана и татко и дедо.
Во Македонија татковци во трата доба станаа и докторот Јовица Угриновски, музичарите Ферус Мустафов и Неат Велиов, како и Томе Брада, познат скопски угостител, кој станал татко на 55 години.
Во регионот миленикот на жените Здравко Чолиќ (68) првата ќерка Уна со сопругата Александра ја доби на 50 години, а втората Лара пет години подоцна.
Владо Калембер (66) доби дете со музичарката Ана Рунер (37) во 52-та година, а бившиот член на „Бијело дугме“. Жељко Бебек (74) на 57 години му стана татко на синот Звонимир, а сопругата Ружица ја роди ќерката Катарина кога тој имаше 61 година.
Борис Новковиќ (52) лани доби ќерка со манекенката Ирис Волф (27), а од претходниот брак има два сина.
Рекордер, секако, останува југословенскиот актер Звонимир Рогоз, кој го доби својот син Рафаел на 92 години. Во тоа време се шпекулираше дека тој всушност не е биолошкиот татко на детето родено од неговата 56-годишна сопруга Агата, но таа упорно тврдеше дека озборувањата се пласираат од неговите бивши љубовници, по кои беше познат како еден од најголемите заводници.
Берни Еклестон доби син на 89 години
Во светски рамки, Берни Еклестон, бившиот сопственик на Формула 1, во јули, на 89 години, го доби четвртото дете и прв син – Ајс. Неговата најстара ќека Дебора има 65 години и веќе е баба. Од бракот со Хрватката Славица Радиќ тој има две ќерки, Тамара и Петра, од кои има пет внуци. Синот му го роди 46 години помладата Бразилка Фабијана Флоси. Ричард Гир стана родител на 50 години, кога тогашната сопруга Ловел му го роди синот Хомер Џејмс (20). Втората сопруга, Шпанката Алеандра Силва (37) за една и пол година му роди два сина, а тој го прифати и нејзиниот син Алберт од претходниот брак.
Џорџ Клуни (58) пред три години ги доби близнаците Александар и Ела во бракот со адвокатката Амал Клуни.
Мик Џегер (76), сепак, е рекордер. Лидерот на „Ролингстоун“ своето осмо дете го доби на 72 години, со 40 години помладата девојка, балерината Мелани Хермик. Алек Болдвин на 62 години го доби своето шесто дете. Првата принова ја доби од неговиот прв брак со актерката Ким Бесинџер, додека другите пет деца ги доби со својата втора сопруга, 25 години помладата Хилариа. Де Ниро и сопругата Грејс Хајтовер се родители на синот Елиот и ќерката Хелен Грејс. Најмалата Хелен Роберт ја доби на 68-годишна возраст.
Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, 64-годишниот актер Крис Но, кого жените го обожпаваа како Ѕверка, очекува второ дете со 37-годишна сопруга Тара Лин Вилсон.