Снимките направени со дрон го покажуваат ужасот што го остави земјотресот што вчера го погоди турскиот град Измир.
Може да се видат згради претворени во купишта урнатини. Турското министерство за управување со вонредни состојби соопшти дека и денеска траат спасувачките акции во 17 урнати или оштетени згради.
Во земјотресот загинаа најмалку 24 лица.