Целосно новиот Пежо е-208 алур премиум е прогласен за „мал електричен автомобил на годината“ на инаугуративниот „What car?” победувајќи голем број ривали за титулата, вклучувајќи ги Хонда е и Рено зои.
– Целосно новиот е-208, новa генерација на 100% пежо електрично возило, продолжува да освојува награди, носејќи ја наградата „Електричен мал автомобил на годината“. Воедно целосно новите пежо 208 и е-208 беа прогласени за „Европски автомобил на годината“ претходно оваа година.
– Стручното жири на „What Car?” беа импресионирани од уникатната филозофија на „Пежо“ за „изберете го вашиот „пежо“, изберете го вашиот погонски систем“, што им овозможува на купувачите да изберат помеѓу 100% електричен нов е-208 или бензинските и дизел варијантите на новиот 208, без компромис во практичноста, спецификацијата или способноста.
– „Впечатливиот“ ентериер на новиот e-208 алур трим исто така постигна високо рангирање од страна на судиите на „What Car?“ Тие го пофалија новиот ентериер со најновиот пежо 3Д ај-кокпит за дизајнот и пакетот технологија како и безбедносните карактеристики на возачот. Еластичната суспензија и практичниот опсег на батеријата во реални услови исто така добија високи оценки.