Во последните 24 часа во БиХ се регистрирани 280 новозаразени и пет починати лица, од кои 192 заразени и тројца починати се во Федерацијата БиХ.
Тестирани биле 1.580 примероци, а коронавирусот е потврден кај 192 лица.
Три смртни случаи биле пријавени во Институтот за јавно здравје на БиХ, со што вкупниот број починати достигна 529.
Досега во БиХ тестирани се вкупно 159.205 лица, а вирусот е потврден кај 18.029.