Судијката Добрила Кацарска едногласно е предложена за нов судија на Уставниот суд на денешната седница на Судскиот совет, пренесуваат повеќе медиуми.
Предлогот ќе биде испратен во Собранието кое ќе гласа за изборот на Кацарска на функцијата. Кацарска е преложена од Судскиот совет на местото на Владимир Стојановски по истекот на неговиот мандат.
Кацарска, која е судијка во Основниот кривичен суд Скопје од 1986 година, е позната по судењата за предметите „Тенк”, „Триста”, „Транспортер”, „Поткуп” и „Организиран напад на Собранието на 27 април 2017 година”.
Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Претседателот го избира Судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.