Наспроти бројните предупредувања од водечките луѓе на американското разузнавање и од директорот на ФБИ дека Русија извршува напад врз американската демократија, претседателот Доналд Трамп ги сумираше своите гледишта на таа тема за време на изборен митинг во понеделникот, едноставно кажувајќи „јас го сакам Путин, тој ме сака мене“, пренесува Си-ен-ен.
– Трамп постојано ја изразува личната наклонетост кон неговиот руски колега откако стапи на функцијата пред речиси четири години. Но, фактот што последните коментари доаѓаат во ситуација кога американските разузнавачки агенции го покренаа алармот во врска со наводното мешање на Москва во претстојните претседателски избори во САД, претставува потсетување дека Трамп нема проблем со странското мешање, ако делува дека има политичка корист – се наведува во анализата на Си-ен-ен.
Директорот на ФБИ Кристофер Реј кажа дека Русија активно се меша во претстојните претседателски избори, за да го „оцрни“ противникот на Трамп, Џо Бајден. Американците ја обвинија Русија за мешање и во претходните претседателски избори во САД одржани во 2016 година. Од таборот на Трамп, пак, неодамна ја означија Кина како најголема закана за претстојните изборите.