Неколку причини зошто не треба да заспивате гладни
Прескокнувањето на вечерата, ако сакате да се ослободите од вишокот килограми или едноставно сте преморени за да си приготвите нешто за јадење, според стручњаците, не е паметна одлука.
Ако не јадете ништо пред да си легнете, поради чувството на глад може да се случи тешко или воопшто да не можете да заспиете или, пак, да ви се наруши сонот.А недостигот од сон или ако тој е неквалитетен, може да предизвика стрес за вашиот организам, пишува порталот „Хелт дајџес“.
Ако не сте наспани може да се случи во текот на денот да сте нервозни и без енергија, а на тоа може да влијае и фактот дека на вашето тело му недостигаат јаглехидрати, кои се многу важни за производството на хормонот на среќата – серотонин. Тоа може да биде проблем, особено ако страдате од некое анксиозно нарушување или од клиничка депресија.
Понекогаш недостигот од енергија не може да се надомести ниту со најквалитетен појадок, а може да доведе до забавен метаболизам.
Затоа потрудете се да вечерате здраво, а тоа значи два-три часа пред да си легнете. Храната нека биде лесно и брзо сварлива (житни снегулки, чаша млеко, едно јаболко, тост со мед, овошен јогурт).