Со дебаклот од протест Мицкоски уште еднаш ја потврди титулата губитник затоа што, освен стотината негови приврзаници, сите други му го свртеа грбот, велат од СДСМ по денешниот марш на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата.
– Лицемерно е човекот што беше вклучен во стопроцентно зголемување на електричната енергија, кој беше одговорен за укинување на евтината тарифа на струјата и човекот што доби бизнис со хидроцентрали од Владата, во кој бил советник, денеска да глуми загриженост за цената на струјата – се наведува во партиското соопштение.
Според СДСМ, Мицкоски демонстрира деструктивно и неодговорно однесување на штета на граѓаните, на државата и нејзината европска иднина.
– Со такво однесување, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго остануваат во опозиција – сметаат од партијата.