Бугарската министерка за социјални работи, Деница Сачева во изјава за БТВ, рече дека прашањето за оставка на премиерот Бојко Борисов не е на дневен ред.
– Сите опции се дискутираат, но ние мора да бидеме водени од друга цел – одговори Сачева на прашањето дали се разговара за експертски кабинет.
– Основната работа не треба да биде оставка, туку она што е корисно за секого – дебата за промени во Уставот, изборен законик што гарантира демократски избори, ажурирање на буџетот – додаде Сачева.
Денеска ќе бидат одржани 59-ти по ред протести во Бугарија со барање за оставка на премиерот Бојко Борисов и на главниот обвинител Иван Гешев.