На парламентарните избори во Црна Гора, до 16 часот на избирачките места гласале 65,1 отсто од гласачите, објави Центарот за демократска транзиција.
Според невладината организација, тоа е девет проценти повеќе отколку на парламентарните избори во 2016 година, кога до 16 часот гласале 56,1 процент од гласачите.
540.026 граѓани имаат право на глас во Црна Гора. Парламентарните избори, на кои учествуваат шест коалиции и пет политички партии, ги следат 2.089 набудувачи, од кои 265 се странски.
Во Црна Гора има 1.217 избирачки места.Избирачките места беа отворени во 7 часот наутро и се затвораат во 20 часот.