– По децениските напори за локалната власт да биде мултиетничка и целосно инклузивна, по децениското поткажување кај претставниците на дипломатскиот кор и меѓународните организации од делот на албанските политички партии од овој дел на Србија, кои постојано се жалеле дека овој процес не бил доволно брз, разочарувачки е да се констатира дека ни по 20 години не им е доволно за албанските политичари на југот на централна Србија целосно да ја прифатат и разберат суштината на мултиетничко и инклузивно демократско општество. Формирањето етнички чисти локални власти во Бујановац, во општината во која етничките Албанци се малку над 50 отсто од вкупното население, не е добро за оваа општина и за регионот. Бујановац, Прешево и Медвеѓе сега се исклучително чувствителни средини, со кревок баланс во меѓуетничките односи – наведе Небојша Човиќ, првиот претседател на Координациското тело на овие три општини од југот на Србија, во изјава за агенцијата „Фонет“.


Панорама

Загреб – Силно невреме ја зафати вчера Хрватска, кое најпрво започнало во Истра, каде што силен ветер, проследен со врнежи, срушил стебло во Умаг, додека во Карловац врнел град со големина на орев. Оштетени биле многу куќи, автомобили и насади, а од една зграда бил откорнат и лимен покрив. („Индекс“)

Атина – Кадровски смени во министерствата за финансии, за развој, за труд, за здравство и животна средина, направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Во мини-реконструкцијата на грчката влада се направени неколку мали промени, односно двајца заменик-министри станаа алтернативни министри, поставени се тројца нови заменик-министри и седум нови генерални и специјални секретари во неколку министерства.(МИА)

Белград – Поранешната премиерка на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека е еден од двајцата кандидати за нов премиер и дека другата личност е од СНС.
– Јас сум еден од кандидатите. Јас знам кој е другиот, но не е на мене да кажам кој е тој. Тоа е личност од СНС – изјави таа за телевизијата Пинк. (Пинк)