Аргентина вчера надмина 200.000 случаи на ковид-19, Колумбија поставува дневен рекорд, а во Латинска Америка се рушат црните рекорди со што најтешко погодениот регион во светот се приближува до 5 милиони заразени луѓе.
Регионот, кој достигна 200.000 смртни случаи во саботата, се бори да го запре ширењето на новиот коронавирус, а инфекцијата рапидно се шири во многу земји, додека владите се обидуваат да го олеснат карантинот и да го оживеат економскиот раст.
Латинска Америка, која има околу 8 отсто од светското население, има речиси 30 отсто заразени и мртви ширум светот, а инфекцијата сè уште брзо се шири и ги погодува регионалните лидери како бразилскиот Жаир Болсонаро и боливискиот Жанин Анез.
Колумбија премина 300.000 случаи и 10.000 смртни случаи минатата недела. Аргентина, која успеа да го забави ширењето на вирусот рано, неодамна забележа зголемување на бројот на заразени.
Пет јужноамерикански земји сега се меѓу 10-те земји во светот со најмногу инфекции, пренесува „Ројтерс“.