Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак (67) е прогласен за виновен за злоупотреба на службената должност, во првата пресуда од серијата судски процеси против него за корупција во државниот фонд за развој „1МДБ“.
Судијата кажа дека одбраната на Разак во расправата не успеала ја побие основаноста на сомнението на обвинителството за злоупотреба на службената должност.
Разак беше премиер на Малезија од 2009 до 2018 година.
Тој е обвинет по три точки за кривично дело криминално нарушување на довербата, три точки за перење пари и една точка за злоупотреба на службената должност, што се поврзани со сумата од 42 милиони рингити (9,5 милиони долари), што наводно, биле украдени од „СРЦ Интернешенл“, компанија на „1МДБ” што некое време била предводена од малезиското Министерство за финансии.