Бројот на новозаболени од коронавирус во Грција во изминатите 24 часа е 35, со што вкупниот број се искачи на 4.227.
Девет пациенти се на болничко лекување, а во последните 24 часа нема смртни случаи, пренесе агенцијата АНА.
Бројот на починати од почетокот на пандемијата е 202.