Претседатателот на Собранието, Талат Џафери, денеска е хоспитализиран на Инфективната клиника, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на извори од ДУИ. Не се наведува зошто Џафери е примен во болница.
Џафери според Уставот треба да ја свика конститутивната седница на новиот собраниски состав најдоцна до 4 август. Тој неодамна изјави дека ќе се тестира пред нејзиното одржување и оти ќе предложи тоа да го направат и останатите избрани пратеници.
Министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за економија Крешник Бектеши вчера објавија дека се позитивни на ковид-19.