Европа го премина прагот од три милиони заразени со коронавирусот, а состојбата на американскиот континент е особено загрижувачка.

Во светот од коронавирус починале вкупно 627.307 лица од над 15 милиони заразени.

Прагот од четири милиони заразени е поминат во Латинска Америка и Карибите, а повеќе од 2,2 милиони случаи се регистрирани во Бразил.

Во Европа потврдени се 3.007.088 заболени од почетокот на пандемијата и 206.714 смртни случаи.

Во САД, во средата, деветти ден по ред, се пријавени повеќе од 60.000 нови случаи.