Денеска во Битола беше означен почетокот на изведбените работи за поставување на асфалт на површина од над 6.000 метри квадратни во должина од околу 850 метри од железничкото стојалиште кај Индустриската зона Жабени, до регионалнот пат кон граничниот премин Меџитлија.

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, заедно со дел од општинската администрација задолжена за координација на проектот, денеска извршија увид на активностите и се информираа за начинот и рокот на изведба.
Според предвидената динамика на работа во оваа прва фаза, која се финансира со средства од Министерството за финансии, до сабота треба да се изврши асфалтно поврзување на јужната делница од зоната со пристапниот регионален пат. Во следната фаза, општината ќе ги изведува каналските приклучоци во овој дел и дополнителните зафати предвидени со проектот.

Асфалтирањето на оваа делница со ширина од 7,5 метри, ќе се овозможи директен пристап до железничкото стојалиште кај Индустриската зона Жабени, на железничката пруга која ќе води за Грција.

М.М.