Против 35-годишник од Куманово поднесена е кривична пријава за лажно претставување и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Кривичните се однесуваат на периодот во март за време на полициски час.
– Пријавениот за време на забрана на движење, во два наврата бил на бензинска пумпа во Куманово, каде што зел неколку предмети во обид да ги украде. Тој бил забележан од вработените, но по нивна реакција при излегување лажно се претставил како полициски службеник – информираат од МВР.