На улицата „Илинденска“, која е со должина од 2.131 метар, деновиве интензивно се работи на изведбените работи на канализационата и водоводната мрежа, заедно со приклучоците. Вредноста на оваа инвестиција е над 58,5 милиони денари.
Досега, од почетокот на активностите на ул. „Илинденска“, на делницата од ул. „Прилепска“ до ул. „Панде Кајзеро“ е изведена водоводна и канализациона линија, која вклучува и индивидуални приклучоци, а во тек е изведбата и на коловозот.
На втората делница од ул. „Драгорска“ до ул „Крсте Петков Мисирков“ е изведена водоводната линија, а во тек е изведба на канализациона линија, која е во завршна фаза. На оваа улица деновиве интезивно се работи и на третата делница од ул. „Крсте Петков Мисирков“ до ул. „Мирче Ацев“ , каде исто така е изведена водоводна и канализациона мрежа, заедно со канализационите приклучоци.
Канализациона линија од страна на изведувачот „Жикол“, во моментов се изведува и на делницата од ул. „7 Јули“, до ул. „Наум Наумовски Борче“.
За да се увери како се одвиваат активностите на реконструкцијата на „Илинденска“ увид на изведбените работи изврши градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која од страна на изведувачите беше информирана дека на овој капитален проект за Битола, на терен се работи според предевидената динамика и се запазуваат роковите на изведба. М.М.