Во недела, 1 ноември, на платото пред Македонската опера и балет во Скопје ќе се одржи Скејт контест со награден фонд, во организација на здружението „Култи Ватор“ од Скопје.

Настанот ќе трае од 12 до 15 часот, а покрај скејт натпреварот, посетителите ќе имаат можност да уживаат во музичка програма, работилници и други активности.

На настанот ќе настапат „The Last Thing You Said“ и диџеј Стефан, со музика во хип-хоп и трап стил.

Организаторите најавуваат содржини наменети за љубителите на скејт-културата, музиката и урбаната уметност.

Проектот е поддржан од Град Скопје, а настанот има за цел да понуди простор за дружење, креативност и промоција на урбаната култура во градот.