Огромната промена на бројот на Британци што добија германско државјанство во 2016 година само сведочи за фактот дека голем број британски иселеници на секој начин се обидоа да ги ублажат можните негативни последици од брегзит за нив и за нивните семејства, оценува Статиста.
До 2017 година, овој тренд веќе беше во полн ек, па бројот на Британци што зедоа германско државјанство се зголеми од 2.865 на 7.493. Според најновите податоци на германскиот завод за статистика, бројот на Британци што станаа Германци во 2019 година забележа огромен скок на 14.600 лица, бидејќи како што се одвиваа последните фази од брегзит, така исчезнуваше правото на двојно државјанство со земјите од ЕУ.