Легендарниот шпански фудбалер Андрес Иниеста по поразот од Русија во осминафиналето на Светското првенство, објави дека става крај со настапите во репрезентацијата.
Шпанија денеска загуби на пенали од Русија со 3-4, по нерешените 1-1 во основниот дел и дополнителните минути.
– Ова беше мојот последен натпревар за шпанскиот национален тим. Завршувам прекрасен дел од мојата кариера. Понекогаш не се завршува се на начинот на кој посакуваме. Сакав да играм денеска, но одлуката ја носи тренерот. Тој секогаш сака најдобро за тимот. Многу е тажно што испаѓаме во осминафинале, но се трудевме. Можеби, ова е најтажниот пораз во мојата кариера – рече Иниеста.
Тој од 2006 година е во составот на „црвената фурија“. Има титули светски и европски шампион.