фото: Зоран Антоски

Во последната седмица во пораст е бројот на новозаразени од ковид-19 во Кичево и, само денес се регистрирани 8 нови случаи, со што вкупниот број порасна на 24, од кои активни се 20 лица, три лица се излекувани, додека едно лица почина. Општинскиот кризен Штаб е во континуирана комуникација и координација, со цел да се стопира или намале овој галоп на новозаразени, што се случува во Кичево во последно време.

– Денес во нашата општина имаме евидентирано 8 новозаразени лица, од кои 6 се на домашно лекување, додека две лица се наоѓаат на Инфективното одделение во Битола.Радува фактот што повеќето новозаболени од ковид-19 се со полесна клиничка слика, како што тоа беше случај и со претходно заразените. И новите заразени лица се од познати кластери, кои веќе ги имаме во предвид и правиме напори бројот да се намали и да не дојде до негово проширување – рече Д-р Станко Трпески, член на Кризниот штаб и директор на Општата болница во Кичево.
З.А.