Барањето на ДУИ за премиер Албанец е неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на новинарско прашање што доколку по изборите се создаде ситуација да не може да се формира влада без коалиција со ДУИ, дали ВМРО ДПМНЕ е подготвено да го прифати нивниот предлог за премиер Албанец?
– Ние сме убедени дека ќе победиме на овие избори и ќе победиме така убедливо да нема да има дилема околу формирањето на владата, а уште помалку ќе има дилема околу тоа кој ќе биде премиер на следната влада. Ние имаме кандидат за премиер тоа е претседателот на партијата Христијан Мицкоски и Христијан Мицкоски ќе биде премиер на владата на Република Македонија. По однос на барањето на ДУИ кратко едноставно тоа е неприфатливо за нас, сметаме дека е од пропагандни цели и дека тоа барање не може на ниеден начин да биде прифатено од ВМРО ДПМНЕ и нема да биде прифатено ни сега ни во иднина – кажа Николоски.