Весникот „Њујорк Тајмс“ на насловната страница ги објави имињата на починатите од ковид-19. Вообичаени текстови, фотографии и цртежи се заменети со список на имиња и извадоци од некролози во спомен на жртвите.Страницата е составена од новинар кој разгледувал некролози и известувања за смртта преку извори на интернет и составил список со скоро 1.000 имиња.
Според американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, САД имаат 1,6 милиони случаи на инфекција со коронавирус. Во моментов, САД има најголем број смртни случаи поврзани со коронавирус во светот. Во државата Њујорк, американската држава најтешко погодена од пандемијата, има повеќе од 360.000 потврдени случаи и околу 29.000 смртни случаи.