Министерот за внатрешини работи во знак на благодарност поради тоа што економијата и транспортот продолжија да функционираат без поголеми отстапувања и за време на пандемијата, денеска го посети граничниот премин „Богородица“ каде се сретна со раководството и разговараше со полициските службеници.
– Изминатиот период овие професионалци неуморно и посветено работеа за камионскиот транспорт да не запре, да не се затворат маркетите и граѓаните да ги имаат сите потребни продукти за нормално функционирање на животот. Со својот труд, ангажман и посветеност тука и на сите други премини, униформираната полиција го даде својот придонес пандемијата да нема влијание врз реалниот живот – нагласува министерот.
Тој упати благодарност за ангажманот и посветеноста за сите вработени во МВР, но и за професионалните возачи за исклучителниот ангажман во надминување на кризата.