Ави Шифман од американската сојузна држава Вашингтон, објаснува зошто одбил осум милиони долари за поставување реклами на својата интернет-страница за следење на заразата, на која има над 30 милиони посети дневно, пишува „Бизнис инсајдер“.
Шифман ги запоставил својоите училишни обврски, но има добар изговор. Седумнаесетгодишниот средношколец е креатор на една од најпосетуваните веб-страници за следење на случаите на коронавирус низ светот, на која вели дека посветил „сто отсто“ од своето слободно време.
Не изгледа дека пандемијата наскоро ќе заврши, а Шифман планира да продолжи активно да ја следи до крајот. Додека страницата е активна, тој вели дека ќе продолжи да работи на неа и да додаде нови функции. Откако пандемијата ќе заврши, тој ќе ги симне серверите и можеби ќе направи страница што ќе ги споредува ковид-19 со САРС или со шпанскиот грип. Шифман смета дека тоа може да биде дел од историјатот на коронавирусот на кој луѓето ќе можат да се навратат.
Следењето на коронавирусот преку веб-страницата на Шифман е услуга за сите информации за ковид-19 на едно место, кои просечниот човек можеби сака да ги знае. Постојано се ажурира со статистичките податоци за земјите од целиот свет за инфекции и смртни случаи користејќи ги податоците преземени од СЗО, Центрите за контрола и превенција на болести и други владини веб-страници. Веб-страницата често нуди нови функции, како новиот калкулатор за стапка за преживување. Исто така, ги прикажува инфекциите распоредени на мапа и страници со некои основни информации за вирусот, вклучувајќи совети за хигиена на рацете и список на симптоми.
Додека Шифман е горд на сработеното, тој не сака да биде пример за тоа како се станува популарен за време на пандемија.
– Во иднина, се надевам дека ќе има притисок врз СЗО да се направи алатка како оваа. Одговорноста не треба да биде на некое дете, но очигледно е дека луѓето сакаат да ја знаат статистиката – рече Шифман.
А тоа е голема одговорност. Вечерта пред разговорот за „Бизнис инсајдер“, Шифман кажал дека работел до седум часот наутро за да се реши проблемот со контролната табла. Тој проценува дека работел неколку стотици часови на страницата.
– Го презема мојот живот – посочи Шифман, додавајќи дека „со задоволство ќе го преземе притисокот“.
Бидејќи следењето го опфаќа целиот свет, секогаш има некој што ја проверува страницата. Шифман вели дека веб-страницата секојдневно прима посетители од секоја земја во светот, што е „супер“, но тој не троши многу време гледајќи во бројките. Ако спие кога нешто не е во ред со страницата, тогаш по будење го чекаат стотици или илјадници пораки. Тоа е одговорност што тој ја сфаќа сериозно
– Бев навистина лош ученик кога ова стана навистина популарно. Две недели не одев на настава во училиштето за да се фокусирам на страницата и да направам страницата да функционира – објаснува талентираниот тинејџер.
Контролната табла е навистина популарна, со околу 30 милиони посетители дневно, а вкупно 700 милиони досега, па затоа не е изненадување што Шифман добил понуди за ставање реклами на веб-страницата. Особено една понуда со која се барало Шифман да ја задржи страницата за осум милиони американски долари, што тој ја отфрлил. Шифман смета дека веројатно би можел да заработи над 30 милиони долари ако тој става свои реклами, но вели дека тоа не е целта на страницата.
– Имам само 17 години, не ми требаат 8 милиони долари… Не сакам да бидам профитер – вели творецот на страницата.
Отпрвин, тој не сакал да зборува за реклами, за кои вели дека сите го прашуваат. Потоа, тој го објаснува своето размислување. Шифман посочува дека не сака рекламните прозорци да го уништат комуницирањето на корисниците со системот на неговата веб-страница, што би било надвор од неговата контрола ако го продаде. Тој не сака да биде обврзан со договор да ја одржува страницата или да направи измени со кои не се согласува. Поточно, тој знае дека многу од неговите посетители од целиот свет немаат брзи интернет-врски, така што додавањето на реклами би го забавило сајтот, па дури би можело да го направи неупотреблив. Тој постави копче за донации на веб-страницата, иако секако, донациите не се во износ од осум милиони американски долари.
– Не сакам да остави дамка на работите во иднина… Луѓето мислат дека ќе жалам за таа одлука, но планирам да направам многу работи во иднина – објаснува Шифман, кој има големи планови за својата иднина.
Тој веќе доби понуди за работа, вклучително и една од „Мајкрософт“, но не е заинтересиран да прифати да прифати некоја од нив. Згора, тинејџерот сака да продолжи да ги извршува своите проекти, велејќи „последното нешто што сакате да го направите е да кодирате повеќе“ по еден ден работа со кодирање. Наместо тоа, Шифман се грижи повеќе за контактите што ги создал преку проектот.
– Сега знам тон заинтересирани да вложат капитал и инвеститори… ако утре решам да отворам компанија, тие барем ќе го прочитаат мојот деловен план – истакна Шифман.
Една од неговите највозбудливи контакти беше од безбедносната компанија „Клаудфер“, која Шифман ја користи за да ја заштити од ДДОС напади. Извршниот директор Метју Принс му испратил твит, а компанијата му испрати неколку нивни маици. Шифман вели дека некова желба е да разговара со Бил Гејтс, бидејќи е особено заинтересиран за вземната поврзаност на технологијата и јавното здравство.