Џесинда Ардерн, премиерката на Нов Зеланд, не можела да влезе во популарното кафуле во Велингтон, поради мерки за оддалечување поради коронавирус.

– Џесинда Ардерн само што се обиде да влезе во „Олив“ и беше одбиена затоа што е полн – напишал корисник на Твитер, по име Џои.

Партнерот на Ардерн, Кларк Гајфорд, одговори на овој твит неколку часа подоцна, преземајќи ја вината.

– Морам да ја преземам одговорноста за ова, не се организирав и не резерирав. Беше многу убаво да не бркаат по улицата кога се ослободи место – напиша Гајфорд.

– Премиерката рече дека таа само чека како и сите други – рече портпаролот на Ардерн.

Сопственикот на ресторанот изјавил за новозеландски „Хералд“ дека е задоволен што зборува за „нешто интересно и забавно“ по „драмата и стресот“ во претходните два месеци.

Откако една маса се ослободила менаџерот на ресторанот се стрчал по двојката на улица и ги повикал.

– Таа имаше мала закуска и замина по половина час. Таа беше љубезна со целиот персонал и со неа се постапуваше како со обичен клиент – изјави тој за весникот.

Одбивајќи да открие што нарачала премиерката, тој потврдил дека со парот не била нивната 23-месечна ќерка Нив.