Полицијата пронашла испукан ракетен фрлач во скопската населба Хиподром.
Според информациите на МВР, вчера во 19.40 часот во населба Хиподром, полициски службеници пронашле еден испукан рачен ракетен фрлач М80,64 ММ.
Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Гази Баба и предметот бил подигнат од местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.