Се обидувам да завртам нова животна страница
На почетокот на пандемијата бев збунет од непознатото. Пребарував, гледав, за да осознаам повеќе. Потоа си дадов задача да си го организирам времето најсоодветно.
Работам многу. Реоткривам стари вредни филмови, слушам музика што ме исполнува, особено навечер, читам стрипови и книги. Но најмногу се обидувам да работам на себе. Се преиспитувам, се трудам да станам подобра личност, подготвена за сите предизвици. Се обидувам да најдам смисла и поента во сево ова што нѐ снајде и да завртам нова животна страница.