Болницата „Плодност“ во Битола, пред влезот во болницата постави „тунел“ за дезинфекција.
Преку овој „тунел“ за дезинфекција, покрај пациентите мораат да поминат и сите вработени во болницата.
Со „тунелот“ за дезинфекција ќе бидат дезинфецирани сите кои влегуваат и работаат во болницата, се со цел да се спречи и најмалата можност за пренесување било каква инфекција или зараза во болницата.
„Плодност“ засега е единствената институција во Битола, која поседува ваков „тунел“ за дезинфекција во градот.
М.М.