Лекарот Џејсон Барнс од Тексас избрал необично место за да се изолира, бидејќи лекува пациенти со коронавирус, објавува „Асошиејтед прес“.
Барнс направил куќичка на дрво за неговите деца во дворот на својот дом. Тој е меѓу многуте здравствени работници кои ги напуштаат своите домови или преземаат други мерки на претпазливост за да ги заштитат своите семејства откако биле изложени на вирусот.
Барнс, 39-годишниот лекар во болницата „Kристус Спон“, изјавил дека поминал скоро три недели во куќичката на дрво, честопати повикувајќи ги своите деца ако му треба нешто или понекогаш одел до задната вратата на нивниот дом, за да го побара тоа што му е потребно.
Се разбира, оваа самоизолација значи дека неговите два сина, на возраст од 6 и 9 години, привремено не можат да си играат во нивната куќичка.
– Тие ја сакаат, но разбираат. Еднаш дневно ми велат дека им недостигам – рече Барнс.