Повеќе од еден милион луѓе се заразени со коронавирус во Европа, што е нешто повеќе од половина од вкупните случаи во светот каде што има повеќе од два милиони заболени, пренесува агенцијата „Франс прес“.
Со најмалку 1.010.896 случаи на зараза, од кои 85.227 се смртни случаи, Европа е најпогодениот континент во пандемијата со ковид-19.
Земјите кои се најпогодени се Шпанија, Италија, Франција и Германија, секоја со над 100.000 случаи на нејзина територија, при што Велика Британија се приближува до таа бројка и моментно бележи најмногу случаи на ден.
Во Европа се забележани 85.227 спочинати лица на 1.010.896 заболени во средата во 11 часот по полноќ, во Соединетите Држави и Канада имало 26.983 смртни случаи (636.413 заболени), Азија 5.218 смртни случаи (147.564 заболени), Блискиот Исток 5.135 смртни случаи (108.791 заболен), Латинска Америка и Карибите 3343 смртни случаи (73.673 заболени), Африка 869 смртни случаи (16.215 заболени) и Океанија 78 мртви (7652 заболени).
САД плаќаат најтежок данок со 26.059 смртни случаи на 609.516 заразени. Следуваат Италија со 21.067 смртни случаи, Шпанија (18.579 смртни случаи), Франција (15.729 смртни случаи) и Велика Британија (12.107 смртни случаи).
Овие податоци доаѓаат од информациите што „Франс прес“ ги собра од надлежните национални власти и од информациите од Светската здравствена организација (СЗО).